РАКОМЕТ

ПОДГОТОВКИТЕ ЗА СП ПРОДОЛЖУВААТ НА 2.ЈАНУАРИ,ЧЕРВАР ГО ВРАТИ МИТРЕВСКИ

31 December, 2016 - 14:01

После затворањето на првата фаза од подготовките за СП во Франција,селекторот на македонскиот ракометен тим Лино Червар  го истакна списокот од 21 играч  со кои ќе го  продолжи вториот  дел  од тренинзите. Никола Митревски,голманот на Бенфика кој не беше во комбинација за подготовките во Маврово, доби дополнителен повик од страна на селекторот.Од составот  отпаднаа Јовица Младеновски,Бојан Маџовски,Даниел Ѓорѓески и Мартин Манасков.
Поради настапот во квалификациите за СП во Алжир за ракометари  до 21 година каде Македонија во конкуренција на Полска,Португалија и на Турција атакува на 1.место, во наредните денови  Мартин Велковски, Филип Талески и Марко Нелоски нема  да тренираат со сениорите.Вториот дел од подготвките,почнува на 2-ри јануари во Скопје.Од 3-ти до 5-ти јануари,националниот тим  ќе имаат три контролни меча со Босна и Херцеговина.СП во Франција стартува на 11 јануари.Македонија е во конкуренција на Шпанија,Исланд,Словенија,Ангола и на  Тунис, противник на Црвено-жолтите во 1.коло од Б групата  што ќе се игра во Мец на 12 јануари.

Веста е прочитана 581 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.