ФУДБАЛ

ПМФЛ:ШКЕНДИЈА ГО ПОБЕДИ ВАРДАР

26 April, 2017 - 18:49

Шкендија го победи Вардар со 3-1 и ја намали разликата зад Црвено-црните од Скопје на 10 бодови.

 

Екипата од Тетово  успеа после двегодишна пауза да извојува првенствен  триумф над Вардар.Дерби мечот од 29 коло резултатски го отвори Меџедовиќ во 15.минута.Гостите од Скопје изедначија преку Боарето во 42.Водечкиот стрелец на лигата Бесарт Ибраими стапи на сцена во вториот дел и со два ефектни гола во 63 и во 82 минута ја завери 17 победа за Шкендија сезонава.  На другите терени Брегалница – Пелистер 1-1 , Македонија ЃП – Ренова 1-3 и  Победа – Силекс 1-0 . Последниот меч од 29 коло  ќе се игра  утре,Работнички е домаќин  на Шкупи.На табелата водечкиот Вардар има 68 бодови,10 повеќе од Шкендија.Трет е Работнички со 47.

Веста е прочитана 695 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.