БОКС

ПАРКЕР И ФЈУРИ ВО БИТКА ЗА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

22 September, 2017 - 14:18

Утре во Манчестер со пренос на Телма ,  Џосеф  Паркер и Хјуи Фјури влегуваат во бокс  меч за титула  Светски првак во супертешка категорија.Роднината на Тајсон Фјури кој го победи Владимир Кличко, има можност да го врати шампионскиот појас во семејството .Британецот во 20  настапи како професионалец нема пораз  и пред домашна публика ќе боксува во најважниот меч .Титулата во ВБО верзија ја брани Џозеф Паркер непоразениот боксер од Нов  Зеланд,.25 годишниот шампион од Оукленд нокаутираше  18 од 23-та  противници во кариерата.Битката на супертешкашите  за насловот Светски првак  ќе се одвива утревечер во Манчестер Арена.Преносот на Телма почнува од 21.00  

Веста е прочитана 588 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.