СКИЈАЊЕ

ПАРИС И ХУТЕР ПОБЕДНИЦИ НА ДЕНЕШНИТЕ ’’БРЗИНЦИ’’

12 March, 2016 - 15:06

Доминик Парис триумфираше на 10.спуст од сезоната на Светскиот куп во алпско скијање што се возеше денеска во Норвешки Квитфјел.27 годишниот италијaнец со резултат 1.45.98 беше за 20 стотинки побрз од французинот Валентин Жиру, додека третата позиција ја освои Стивен Ниман.Америкaнecот   беше за 24 стоти делови од секундата побавен од победникот.Во поредокот за спуст,Парис се проби до 3.место и во пресрет на завршната трка од сезоната што ќе се одржи во Сент Мориц,заостанува само 4.бодови зад лидерите Питер  Фил и Аксел Лунд Свиндал кои се на делба на 1.позиција.Денешниот спуст, италијанецот Фил го заврши на 10.место.Норвежанецот Свиндал е надвор од Светскиот куп после повредатата во Кицбил.Во генералниот поредок,водечкото трио го сочинуваат специјалисти за техничките дисциплини,Хиршер,Кристоферсен и Пантиро.

Дамите возеа супервелеслалом во  Ленцерхајде.На швајцарската патека победи Корнелија Хутер од Австрија,пред домашната скијачка Фабијен Сутер и сонародничката Тамара Типлер.Сутер имаше засотанување од 10 стотинки зад австријката,Типлер 35 .Водечката во Светскиот куп, Лара Гут заврши на 5.место но се доближи до 1-вата позиција  во дицсиплината на 19 бодови.Водечка е Линдзи Вон ,но американката поради повреда ја заврши сезоната.Во пресрет на последниот, осми суперџи,покрај Лара Гут шанса да го освојат малиот кристален  глубус имаат и Хутер како и  Тина Вајрајтер.Во генералата,Гут е на добар пат да обезбди триумф.Швајцарката има огромни 295 бодови пред германката Викторија Ребензбург.

Веста е прочитана 150 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.