ФОРМУЛА 1

НОВА РОКАДА НА ПОДИУМОТ ВО МЕКСИКО,ТРЕТ Е РИКАРДО, КАЗНА ЗА ФЕТЕЛ

31 October, 2016 - 17:36

Возачот на Ферари,Себастијан Фетел го загуби третото место од  вчерашната Формула 1 трка во Мексико ,откако стјуартите проценија дека германецот возел невнимателно во обид да ја одбрани позиција од Рикардо.Казната од десет секунди на вкупното време со кое ја мина целта, го позиционира Фетел на 5. место.На 3.позиција на крајот се најде Даниел Рикардо од Ред Бул,додека неговиот клупски колега,Макс Ферстапен заврши како 4-ти.По крајот на трката,холанѓанецот мораше да се повлече од подиумот и да го замени местото со Фетел,  поради казната што ја заработи за  кратење на патеката во борбата со пилотот на Ферари.Мексиканското Гран При мина во доминација на Мерцедес.Победи Луис Хамилтон пред Нико Розберг кој  води во генералата со 19 бодови повеќе од тимскиот колега .Следната 20  трка ќе се вози на 13 ноември  во Бразил .  

Веста е прочитана 833 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.