РАКОМЕТ

НОРВЕЖАНКИТЕ ЈА ОДБРАНИЈА ЕВРОПСКАТА КРУНА

18 December, 2016 - 19:58

Ракометарките на Норвешка ја одбранија титулата  Европски шампионки.Во финалето на 12. женско  континентално првенство што се одвиваше во Шведска, норвежанките  ја победи Холандија со 30-29. Норвешка до седмиот европски трофеј стигна преку голема борба.На полувремето, Холандија во своето прво финале  имаше 15-15.Скандинавките со  мини серија создадоа  можност да избегнат драматична завршница,но холанѓанките се доближија во финишот и не го искористија последниот напад за изедначување. Средниот бек на Холандија ,Корнелија Грот  е прогласена за МВП на шампионатот.Во малото финале,Франција домаќин  на следното ЕП-во  ја совлада Данска со 25-22 и го освои бронзениот медал.

Веста е прочитана 312 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.