ТЕНИС

НАДАЛ И ФЕДЕРЕР ВО ФИНАЛЕТО НА МАСТЕРСОТ ВО ШАНГАЈ

14 October, 2017 - 22:53

Шпанецот, Рафаел Надал и Роџер Федерер од Швајцарија ќе играат во финалето на АТП Мастерс турнирот во Шангај.Во првиот полуфинален меч Надал ја оправда фаворитската улогата и за 2 часа и 12 минути игра со 7-5 и 7-6  го победи хрватот  Марин Чилиќ. Федерер во три сета беше подобар во полуфиналниот меч против Хуал Мартин Дел Потро, Иако Аргентинецот го доби првиот сет со 6-3, сепак во следните два Швајцарецот беше оној кој доминираше, па возврати со иста мерка, односно ги доби сетовите со идентични 6-3. 

Веста е прочитана 316 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.