СУПЕР ЛИГА

МЗТ ПОДОБАР НА ДЕРБИТО ПРОТИВ КАРПОШ

1 April, 2017 - 20:30

МЗТ Скопје ја забележа четвртата победа од исто толку натпревари и остана единствениот тим без пораз во кошаркарската Супер Лига. Актуелниот првак на гостински терен во „СЦ“ Борис Трајковски го доби дербито против Карпош Соколи по едно продолжение. Дополнителни пет минути се играа и во Кавадарци каде Фени Индустри за првата победа славеше против Куманово. Тесен триумф со половина кош обезбеди Работнички на домашен терен против Кожув.

Резултати 4. коло

Карпош Соколи - МЗТ Скопје 85:87 во продолжение

Работнички – Кожув 68:67

Фени Индустри – Куманово 101:98 во продолжение

Табела:

1. МЗТ Скопје 8 бодови

2. Карпош Соколи 7

3. Работнички 6

4. Куманово 6

5. Кожув 5

5. Фени Индустри 5

 

Во рамките на плеј аут лигата се играат два дуела: Вардар – Струмица (почеток 18 часот) и АВ Охрид – Пелистер (почеток 17 часот).

 

Табела: АВ Охрид 23 бодови, Струмица 23, Пелистер 22, Вардар 18.   

Веста е прочитана 541 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.