КОШАРКА

МЗТ ја пречекува Цибона во потрага по третата победа во АБА

23 October, 2017 - 15:40

МЗТ Скопје игра топло-ладно на стартот од сезоната во АБА-лигата. На два натпревари блескаше, а на два беше катастрофален.

Тренерот Александар Тодоров се надева дека неговите избраници вечерва пред домашната публика ќе го прикажат доброто лице, она од гостувањето кај Игокеа за да дојдат до победа против Цибона. Најголемиот проблем сезонава на МЗТ е одбраната, па во овој сегмент мора да се подобри за да се надева на позитивен резултат против Цибона, која е во серија од три победи по ред во меѓусебните дуели.

Лани хрватскиот тим славеше на двете пресметки, а во „Јане Сандански“ дојде до двата бода откако беше подобра во продолженијата. Нашиот шампион е подготвен да ја прекине оваа лоша серија против Цибона, но ќе мора да биде на своето најдобро ниво за да го забележи третиот сезонски триумф во регионалното натпреварување. 

Веста е прочитана 313 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.