ФУДБАЛ

МУНДИЈАЛ БЕЗ ИТАЛИЈА,ИТАЛИЈА БЕЗ СП...

14 November, 2017 - 15:44

Во плеј-офот  за мундијалот  во Русија,фудбалерите на Шведска приредија изненадување со елиминација на четирикратниот Светски првак,селекцијата на Италија.Швеѓаните  синоќа одиграа 0-0 на Сан Сиро и ја одбранија минималната предност од 1-0 со која допатуваа во Милано.Италијанците  кои се во шок од неочекуваната елиминација нема да бидат дел од завршницата на СП-ва за прв  пат после 1958 година.

 

Во двомечот со Шведска,Италија 180 минути не успеа  да го совлада Олсен.Синоќа,Имобиле,Флоренци, Кандрева,Ел  Шарави... беа во можност за реализација, но гостите успешно ја одбранија својата мрежа па голот  на Јохансон од првиот меч се покажа како  клучен.Неславниот крај за Азурите во квалификациите беше и последен  меч во националниот дрес за легендарниот Џанлуиџи Буфон како и за Џорџо Кјелини,Андреа Барзаљи и за Даниеле Де Роси.Од европскиот  дел на баражот претходно пласман изборија Хрватска и Швајцарија.Вечерва, после реваншот во Даблин меѓу  Ирска-Данска, ќе биде позната и последната селекција од Европа  што ќе игра на СП.Првиот меч помеѓу Данска и Ирска одигран во Копенхаген заврши без голови. 

Веста е прочитана 268 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.