МОТО ГП

Маркез славеше во Австралија - титулата во Мото ГП на дофат

22 October, 2017 - 14:58

Марк Маркез е на чекор да ја одбрани светската титула во Мото ГП окткако утринава славеше на трката за Големата награда на Австралија, што се возеше на патеката „Филип Ајленд“.

Мотоциклистот на Хонда финишираше пред Валентино Роси, кој се врати на подиумот само два месеци откако ја скрши ногата. На третото скалило на победничкиот подиум се искачи тимскиот колегана Роси од Јамаха, Маверик Вињалес. 

Најголемиот конкурент на Маркез за титулата, Андреа Довициозо од Дукати имаше слаб пласман откако трката ја заврши на 13-тото место и драстично си ги намали шансите за шампонскиот пехар. Сега Маркез има 269 бодови на врвот во генералниот пласман, 33 повеќе од Довициозо, додека трет е Маверик Вињалес со 219 бодови.

До крајот на сезоната има уште две трки, во Малезија на „Сепанг“ идниот викенд и во Валенсија на 12 ноември. 

Веста е прочитана 149 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.