МОТОЦИКЛИЗАМ

МАРКЕЗ ДОМИНАНТЕН ВО АРАГОН,ТРЕТА ПОЗИЦИЈА ЗА РОСИ

25 September, 2016 - 15:53

Шпанецот Марк Маркез победи во најсилната класата на трката во Арагон,14 станица од СП во мотоциклизам.Возачот на Хонда кој доминираше на  квалификациите и денеска во вториот  дел на трката во Пиринеите,победи пред  пилотите на Јамаха,сонародникот Хорхе Лоренцо  и италијанецот Валентино Роси.После 4 триумф во сезоната,Маркез ја зголеми предност во  поредокот на возачи на 52  бода пред Роси.

Во Мото 2 класата  славеше британецот Сем Ловс на Калекс, пред Алекс Маркез и Франко Морбидели.Јохан Зарко  кој  заврши на 8. место,после Арагон  има само бод предност  во генералата пред Алекс Ринс,денеска 6-ти.Во најмалата Мото 3 категорија триумфираше Хорхе Наваро на Хонда, пред водечкиот во пласманот,Бред Биндер од тимот на КТМ.Следната 15 трка од сезоната ќе се вози на патекета Мотеги  во Јапонија на 16 октомври.

Веста е прочитана 28 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.