ТЕНИС

МАРЕЈ Е НОВИОТ БРОЈ 1

5 November, 2016 - 19:21

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го  замени  Новк Ѓоковиќ на  врвот од  светската АТП листа  што ќе биде објавена следната седмица.

 

Мареј  ги оствари амбициите со пласман  во финалето на Мастерсот во Париз што му донесе   доволно бодови за да го превземе бројот 1 од српскиот тенисер кој беше на врвот 122 недели во низ..Инаку денешното полуфинале Мареј го доби без борба,откако Канаѓанецот Милош Раониќ поради повреда  го предаде мечот.Американскиот тенисер Џон Иснер кој беше подобар од Марин Чилиќ со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3 ќе му биде противник  на Мареј  во утрешното  финале. 

Веста е прочитана 50 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.