ФУДБАЛ

МАКЕДОНИЈА ЗА КРАЈ УБЕДЛИВА ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН

10 October, 2017 - 13:43

Македонската фудбалска репрезентација со триумф над Лихтенштајн од 4:0 на стадионот „Младост“ во Струмица го заврши квалификацискиот циклус за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Русија.

„Црвено-жолтите“ во целост ја оправда фаворитската улога и со по два гола во двете полувремиња, сосема заслужено ги освоија трите бода. Во листата на стрелците се запишаа: Висар Муслиу, Александар Трајковски, Енис Барди и Аријан Адеми.

Токму Адеми кој се врати на фудбалските терени по пауза од две години колку што му изнесуваше суспензијата поради позитивен допинг тест по натпревар во Лигата на шампионите со неговиот клуб Динамо Загреб, со прекрасен гол ја оправда довербата од селекторот.

За Македонија ова беше прв триумф по осум натпревари на домашен терен и три години без полн погодок. Шпанија како прва ќе игра директно на мундијалот, додека Италија ќе се бори преку бараж.

И покрај вечерашната победа Македонија квалификациите ги заврши на петтото место во Г групата, но за разлика од претходните циклуси, сега со многу позитивни впечатоци и надеж дека оваа генерација во следните квалификации има квалитет и знаење за многу подобар пласман.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски на десетте средби остварија три победи, два натпревара одиграа нерешено, а од петте порази три можеа да се избегнат со малку повеќе среќа.

Резултати 10. коло:

Македонија - Лихтенштајн 4:0
Италија – Албанија 0:1
Израел – Шпанија 0:1

Табела:

1. Шпанија 28 бодови

2. Италија 23

3. Албанија 13

4. Израел 12

5. Македонија 11

6. Лихтенштајн 0

Веста е прочитана 170 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.