ФУДБАЛ - ЕП У21

МАКЕДОНИЈА СО ПОРТУГАЛИЈА, ШПАНИЈА И СРБИЈА ВО ГРУПА

1 December, 2016 - 19:39

Македонската младинска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ќе биде сместена во групата Б заедно со репрезентациите на Португалија, Србија и Шпанија во првата фаза од натпреварите на Европското првенство во 2017 година чиј домаќин ќе биде Полска. Ваке беше решено на извлекувањето на групите што се одржа во Краков.

Овие четири репрезентации ќе играат во Бидгошч, а избраниците на селекторот Благоја Милевски континенталниот собир ќе го отворат на 17 јуни кога за противник ќе го имаат четирикратниот првак Шпанија. Според распоредот три дена подоцна се среќаваат со финалистот од 2007 година, репрезентација на Србија, пред на 23 јуни последен противник да им биде Португалија, шампионот од 2015 година.

Во другите две конкуренции, домаќинот Полска е сместен во групата А, со Словачка, актуелниот првак Шведска и Англија, додека во групата Ц, партиципираат Германија, Чешка, Данска и Италија.

Првопласираните три репрезентации од секоја група и една најдобро второпласирана селекција ќе обезбедат пласман во полуфиналето од каде ќе разигруваат за титулата.

Европското првенство на прогрмата е идната година од 16 до 30 јуни во шест полски градови.

Веста е прочитана 850 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.