КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА СО КОСОВО И ЕСТОНИЈА ВО МУНДИЈАЛСКИТЕ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ

10 December, 2016 - 19:02

Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра во група со Косово и Естонија во претквалификациите за Светското првенство во 2019 година што ќе се одржи во Кина.

Тринаесет репрезентации беа поделени во четири „шешири“ на денешната ждрепка во Прага, која Македонија ја смести во Ц групата. Во останатите три конкуренции ќе играат, во А групата, составена од четири репрезентации влегоа, Словачка, Босна и Херецеговина, Шведска и Ерменија, потоа во Б групата се Албанија, Австрија и Холандија и во последната Д група, ќе партиципираат, Португалија, Бугарија и Белорусија.

Двете најдобро пласирани репрезентации во секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во мундијалските квалификации откако за тоа најпрвин ќе се борат во претквалификациите чиј почеток е закажан во ноември идната година.

Веста е прочитана 178 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.