ПЛИВАЊЕ

МАКЕДОНИЈА СО ЧЕТВОРИЦА ПЛИВАЧИ НА ЕП ВО ДАНСКА

7 December, 2017 - 15:57

Македонските пливачи ги имаат завршните подготовки  за настап на 19 ЕП во кратки базени што ќе се одржи наредната недела во Копенхаген. Љупчо Ангеловски ќе се натпреварува на 50 метри  пеперутка  и слободно, стилови и на Ана Јаневска во трасите на 50 и на 100 метри. Миа Крстева ја очекуваат  трки на 50,100 и на 200 метри грбно,  а Давор Петровски ,натпревари на 100 и на 200 метри пеперутка.

 

„Горд сум што можам да кажам дека 4 наши пливачи ќе учествуваат на ова Европско првенство во пливање. Уверен и убеден сум дека достоинствено ќе ги бранат боите на Македонија. Можам да констатирам дека во минатиот период пливањето се соочуваше со една тешка ситуација за која сум убеден дека во иднина ќе се реши и се надевам дека ќе има големи промени во пливањето и дека пливањето ќе блесне во оној сјај во кој што треба да биде- изјави Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

,, Јас како претседател на Пливачката федерација на Република Македонија сум горд и сигурен во четирите пливачи и нивните тренери дека покрај сѐ ќе нѐ претстават достојно, пред сѐ и самите себе, и ќе испливаат најдобри резултати. Нека биде ова еден почеток на пливачкиот професионализам.“, изјава  Александар Маленко, претседател на ПМФ.

 Во период од 13 до 17 декември,на шампионатот во Данска ќе настапат околу 700 пливачи од 45 земји со вообичаена програма,претпладне квалификации,во попладневниот термин  полуфинале и трките за медали.

Веста е прочитана 1435 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.