РАКОМЕТ

МАКЕДОНИЈА РЕМИЗИРАШЕ КАЈ УКРАИНА,МЕЧОТ СО ЧЕШКА Е КЛУЧОТ ЗА ЕП

15 June, 2017 - 20:15

Македонската селекција пропушти шасна на коло пред крај од квалификациите да го завери пласман на ЕП во Хрватска.Нашите ракометари  одиграа само реми кај Украина од 27-27,  откако имаа водтво во поголемиот дел од  мечот   а во последните  секунди не реализираа и напад за триумф.

 На гостувањето во Суми,сениорите влегоа во вистински  ритам после дваесет минути игра и на  крајот на првото првиот дел  изборија предност од 18-14.На стартот од второто полувреме,Македонија поведе на два пати со по пет голови разлика .Кога  се чинеше дека концепцијата  на противникот е разбиена,укрианците одговорија со серија од 4-1, а одбраните на Чуприна  во продолжение се покажаа како пресудни  .Во завршата  минута нашиот состав имаше само  гол предност,украинците изедначија,а во последниот напад,  голманот на Украина го запре и ударот на Манасков  за финални 27-27. Кире Лазаров беше најефикасен кај Македонија со 8 голови,Талески постигна 5, по 4-ри реализираа Стоилов,Манасков и Миркуловски.Во пресрет на последното 6.коло од квалификациите ,Чешка е водечка во групата со 6 боодви,по 5 имаат Македонија и Украина,Исланд застана на  4.Во недела во Скопје, Македонија ја пречекува Чешка и според најсигурната варијанта,победа, ќе избори пласман на ЕП и тоа како најдобра  во групата.

Веста е прочитана 1380 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.