ТЕНИС

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ВО ДЕЈВИС КУПОТ

4 April, 2017 - 15:54

Македонската тениска  репрезентација ги доби противниците за турнирот во Созопол од третата Евро-африканска зона на Дејвис купот.

 

 

Нашата Дејвис куп селекција ќе биде дел од групата Б заедно со репрезентациите на Исланд,Малта и на Молдавија.Турнирот во Созопол-Бугарија што ќе се одвова од 5 до 8 април  е дел од третата Евро-африканска зона.Првопласираните  од четирите  групи  ќе влезат во бараж,а победниците ќе се искачат во повисокиот ранг на Дејвис купот,втората Евро-африканска зона. Најдобриот од Б групата,вкрстува со победникот од групата Д каде ќе се натпреваруваат Андора,Ирска,Црна Гора и Косово.За Македонија во Созопол ќе играат: Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари. Првиот натпревар,нашата селекција  ќе го има утре против Молдавија.

Веста е прочитана 559 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.