ОЛИМПИЗАМ

МАЈКЛ ФЕЛПС СТИГНА ДО 21 ЗЛАТЕН ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ

10 August, 2016 - 14:01

Мајкл Фелпс  се издигна уште повисоко на олимписката листа.Американскиот пливач ноќеска се закити со нови  два медали со златен сјај.Фелпс  триумфираше во трките на 200 метри пеперутка и беше дел од американската штафета 4 х 200 метри слободно.Најуспешниот во олимпсиката историја  најнапред  победи во дициплината 200 метри пеперутка финиширајки пред  Масато Сакаи од Јапонија  и унгарецот Тамаш Кендереши  а за  Чад Ле Клос од Јуѓна Африка  кој го бранеше златото од Лондон, немаше место на подиумот. Потоа Фелпс со своите сонародници Конор Дваер, Таунли Хас и Рајан Лохти славеше  и во штафетата   4×200 слободно пред составите на  Велика Британија и на Јапонија.

Доминацијата на американските пливачи ноќеска ја надополни и Кетлин Ледецки, која победи во трката на 200 метри слободно. Сара Сјостром од Шведска го освои второто место, а трета заврши Ема Меккион од Австралија.

Третиот златен медал на Игрите во Рио го освои Унгарката Катинка Хосу во трката на 200 метри мешано и сега има шанси да биде најуспешна на Игрите. Среброто го освои Британката О‘Конор, а бронзата и припадна на Американката  Дирадо.

Веста е прочитана 499 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.