ФУДБАЛ

ЛШ:РЕАЛ ЌЕ ИГРА СО НАПОЛИ,БАЕРН СО АРСЕНАЛ,ПСЖ ПРОТИВ БАРСЕЛОНА

12 December, 2016 - 14:35

Бранителот на трофејот во ЛШ на Уефа, Реал Мадрид  очекува пресметка со Наполи, Барселона ќе игра со Пари Сен Жермен, а во другото дерби на оваа фаза се среќаваат Баерн Минхен и Арсенал,епилог по денешната ждрепка во Нион од фазата на осминафинале.

Во другите мечеви од првиот круг еломинаци  ќе се сретнат:Бенфика – Борусија Дортмунд, Порто – Јувентус,Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид, и Лестер – Севиља. Првите мечеви од осминафиналето ќе се играат на 14/15 и на 21/22 февруари, додека реванш средбите се закажани за 7/8 и 14/15 март. 

 

Извлечеи и двојкси за 16 финалето во Лига Европа.

 Атлетик Билбао – АПОЕЛ,
Легија – Ајакс,
Андерлехт – Зенит,
Астра – Генк,
Манчестер Јунајтед – Сент Етиен,
Виљареал – Рома,
Лудогорец – Копенхаген,
Селта – Шахтјор,
Олимпијакос – Османлиспор,
Гент – Тотенхем,
Ростов – Спарта Прага,
Краснодар – Фенербахче,
Борусија Менхенгладбах – Фиорентина,
АЗ – Лион,
Хапеол Бер-Шева – Бешикташ и
ПАОК – Шалке.

Првите натпревари ќе се играат на 16 февруари, а реваншите на 23 февруарите 2017 година.

Веста е прочитана 641 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.