ЛАЗАРОВ И ЃОРЧЕСКА СПОРТИСТИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2016 ГОДИНА

23 December, 2016 - 21:47

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се најдобрите спортисти на Македонија за 2016 година, прогласени вечерва на свеченоста во Македонскиот народен театар во организација на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Оваа награда за мене е огромна чест. Имавме зад нас во ракометот една турбулентна година, но и на грешките учиме, потенцијал имаме, знам дека Македонија не треба да се грижи за својата ракометна иднина, носиме во нас една сплотеност, па верувам дека ќе стигнеме до нови успеси во 2017 година – истакна Лазаров по добивањето на признанието.

Ѓорческа зад себе имаше извонредна година, стигнувајќи и како прва македонска тенисерка на Гранд слем турнир.

„Благодарам за наградата и на сите за огромната поддршка која ја добивам. Се надевам дека во иднина ќе продолжам со уште позначајни успеси на тениското поле. Им посакувам успех и на нашите млади фудбалери на Европското првенство во Полска“ – изјави Ѓорческа.

НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ЗА 2016 ГОДИНА:

Најдобар спортист: КИРИЛ ЛАЗАРОВ (Ракомет)

Најдобра спортистка: ЛИНА ЃОРЧЕСКА (Тенис)

Најдобра национална спортска федерација: КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Најдобар тренер: БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ (селектор на репрезентација до 21 година во фудбал)

Најдобар машки национален тим: МЛАДАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Најдобар женски национален тим: РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Најдобар спортист на лице со инвалидитет: ОЛИВЕРА НАКОВСКА – БИКОВА (Стрелаштво)

Најдобар млад спортист: ФИЛИП ТАЛЕВСКИ (Ракомет)

Најдобра млада спортистка: МОНИКА ПЕНДАРОВСКА (Карате)

Најдобар колектив во универзитетски спорт: Женски карате тим во борби – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Најдобар училишен спортски клуб од Средни училишта: СУ „Гоце Делчев“ – Куманово

Најдобар училишен спортски клуб од Основни училишта: ОУ „Гоце Делчев“ – Илинден

Веста е прочитана 118 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.