ТЕНИС

КВИТОВА ПРОБОДЕНА СО НОЖ

20 December, 2016 - 17:40

Единаесетата тенисерка во светот Петра Квитова била нападната во својот дом и прободена со нож во левата рака од разбојник, кој се обидел да ја ограби. Тоа се случило рано утрината во нејзината куќа лоцирана во чешкиот град Простејов. За среќа, по лекарската интервенција било утврдено дека повредата не е сериозна.

Двојната победничка од Вимблдон во моментов се рехабилитира од старата повреда на стопалото поради која го откажа учеството на традиционалниот новогодишен турнир Хопман куп во Перт.

Останува да се види дали и колку ќе ја одвои новата повреда од тениските терени во  пресрет на првиот Грен слем во новата сезона Австралија опен. 

Веста е прочитана 287 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.