ОДБОЈКА

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП:ПРВА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА

24 September, 2016 - 18:52

Македонската машка одбојкарска селекција ја оствари првата победа во квалификациите за пласман на ЕП во 2017 година.Во денешниот меч со Естонија дел од вториот квалификациски турнир во групата Ф што се одржува во Чешка,избраниците на Николај Жељасков славеа со 3-1 во сетови.Естонците ,брзо и лесно за 20.минути игра,со 25-13 го освоија воведниот сет.Македонските одбојкари  профункционираа во продолжение.Црвено-жолтиот состав  славеше со 25-21 за израмнување и откако ја надмина психолошката бариера, со 25-23 и 25-16 се избори за прв триумф во групата после низата од 4-ри порази.Утре во последното коло Македонија со теоретски шасни за освојување на 2.место игра со Романија.,очекувајки расплет и од другите мечеви во групата.

Веста е прочитана 566 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.