ФУДБАЛ

КУП НА РМ:ВАРДАР И ШКЕНДИЈА УБЕДЛИВО ДО ПОЛУФИНАЛЕ

7 December, 2016 - 16:03

Екипите на Вардар,Шкендија,Брегалница и на Пелистер обезбедија место во полуфиналето на домашниот фудбалски  Куп.

 

Вардар  ја потврди позицијата во полуфиналето.Кон  гостинските 4-1 со Металург ,денеска  на Филип Втори есенските шампиони во Првата лига  одиграа идентично , 4-1  со  второлигашот од Автокоманда. Силекс загуби со 1-2  од  Пелистер.Битолчани допатуваа во Картово со предност од 1-0. Брегалница ја порази  Победа  со 3-0 ,2-2 беше на натпрварот во Прилеп .Шкендија денеска најубелдива славејки со 4-0 над  Шкупи .Првата средба на Чаир заврши без голови. 

КУП НА РМ 1/4Ф РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ

 

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ            4-1                   (4-1)

ШКЕНДИЈА –ШКУПИ          4-0                    (0-0)

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР           1-2                    (0-1)

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА     3-0                    (2-2)  

Веста е прочитана 484 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.