БИБЛ

КУМАНОВО ОБЕЗБЕДИ ПОВОЛЕН РЕЗУЛТАТ КАЈ ПЕЌ

22 March, 2017 - 21:33

Куманово обезбеди поволен резултат во Косово на првиот меч против Пеќ во полуфиналето од Балканската кошаркарска лига. Домаќинот кого на клупата го предводи македонскиот стратег Александар Тодоров славеше со 83:79, опцијата која ја посакуваше Куманово доколку не успееше да избори победа.

Куманово за минималниот пораз се избори со добра игра во текот на целиот меч. Во првите шест минути имаше водство од 9:5 а беше солиден и во следните два периода. Вториот заврши израмнето 18:18 додека третиот го доби со 22:19. Мечот се решаваше во последните 10 минути во кои Пеќ во еден момент поведе и со најголема позитива од плус 13 на три минути до крајот (77:64).

Ионел Браун со 33 поена беше прв стрелец на средбата во редовите на македонскиот претставник, додека кај Пеќ Роберт Абрамовиќ со 22 погодока беше најефикасен.

Реваншот во Куманово ќе се одигра за седум дена на 29 ти март.

Веста е прочитана 1254 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.