ФУДБАЛ

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО Е НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ ЗА 2017

24 October, 2017 - 14:54

Фудбалерот на Реал Мадрид  и капитенот  на Португалија, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во светот за 2017 година во изборот на ФИФА.

 

Титулите со Реал од Лига на шампиони, Шпанското првенство , Суперекуп на Европа и на Шпанија, како и  пласманот со   Португалија на  СП  Русија ,му овозможија на Роналдо најголем број гласови од новинарите  селекторите и капитените на националните репрезентации.Втора година по ред и по рекорден петти пат со наградата,Роналдо се изедначи со аргентинецот Лионел Меси кој заедно со  бразилецот  Нејмар беа во најтесна конкуренција за изборот.Стратегот на Реал, Зинедин Зидан е најдобар тренер,голман е Џанлуиџи Буфон од Јувентус.Фудбалерка на светот за 2017-та  е Лика Мартенс од Холандија а нејзината сонародничка Сарина Вигман е најдобар женски тренер.Наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол ја доби Оливије Жиру од Арсенал.Наградата за навивачите ја добија фановите на Селтик.Наградата за ферплеј заврши кај  Франсис Коне, репрезентативецот на Того.Екипа на годината во избор на ФИФА и на ФИФПро ја сочинуваат: Џанлуиџи Буфон, Дани Алвес, Серхио Рамос, Леонардо Бонучи, Марсело, Лука Модриќ, Тони Крос, Андрес Инијеста, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар. 

Веста е прочитана 500 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.