СКИ СКОКОВИ

КРАФТ ПОБЕДНИК ВО СВЕТСКИОТ КУП

26 March, 2017 - 15:48

Австриецот Штефан Крафт е победник на Светскиот куп во ски скокови.Крафт триумфираше на Планица, последниот натпрeвар од сезоната.Австриецот за осмиот триумф  прелета 250 метар и собра 244 бодови,осум повеќе од германецот  Андреас Велингер.Трет заврши ветеранот од Јапонија,44 годишниот Норијаки Касаи.Поради силниот ветер,организаторот ја прекина втората серија на скокалницата.Кристалниот глобус,Штефан Крафт го освои со 1665 бодови,141 повеќе од второпласираниот Камил Штох од Полска.Ланскиот шампион во Светскиот куп,словенецот Петер Превц ја заврши сезоната на 9.позиција.

Веста е прочитана 718 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.