МОТОЦИЛКИЗАМ

КРАЧЛОУ НАЈБРЗ НА ФИЛИП АЈЛЕНД

23 October, 2016 - 15:50

Британецот Кал Крачлоу ја изненади конкуренцијата  во МОТО ГП класата на патеката Филип Ајленд каде се возеше трка за Гран При на Австралија од СП во мотоциклизам.Возачот на ЛЦР Хонда го искористи излетувањето на Марк Маркез.Шпанецот која ја завери шампионската титула минатата седмица, направи грешка во 18.круг  и за прв пат сезонава остана без пласман. Валентино  Роси на Јамаха  имаше импресивна трка.Италијанецот  по старт од 15 место, заврши зад победникот Крачлоу а пред Маверик Вињалес на Сузуки.Шампионатот продолжува на 30 октомври во Малезија, кога ќе се вози 17-тата  претпоследна трка  од сезоната.

Веста е прочитана 310 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.