КОШАРКА

Кошмарна вечер за фаворитите во НБА-лигата: Порази на шампионот и вицешампионот

22 October, 2017 - 14:55

Голден Стејт го забележа вториот сезонски пораз во третиот натпревар во новата сезона во НБА-лигата. Мемфис го победи актуелниот шампион на домашен паркет со 111-101. Стеф Кари со 37 поени беше најефикасен кај Вориорс, Кевин Дурент постигна 29, додека Клеј Томсон броеше до 14, но и тоа не беше доволно за триумф во „ФедЕкс“ арената. Кај домаќинот, Марк Гасол со дабл-дабл ефект од 34 поени и 14 скока беше најзаслужен за победата. 

Кливленд по двете стартни победи утринава на домашен паркет загуби од Орландо со 93-114. За гостите ова беше прв триумф против Кавалирс по 17-те порази во низа, а последната победа овој тим ја оствари пред точно пет години. Никола Вучевиќ со 23 поени беше најдобар кај Орландо, додека Леброн Џејмс со 22 поени најмногу се истакна кај поразениот тим.

Оклахома загуби на гостувањето кај Јута со 96-87, а победата на Лос Анџелес клиперс од 42 поени разлика против Феникс, беше со горчлив вкус, бидејќи повреда заработи новото засилување Милош Теодосиќ. 

На останатите натпревари:
Торонто - Филаделфија 128-94
Чикаго - Сан Антонио 77-87
Хјустон - Далас 107-91
Мајами - Индијана 112-108
Њујорк - Детроит 107-111
Милвоки - Портланд 113-110
Денвер - Сакраменто 96-79
ЛА Клиперс - Феникс 130-88

Веста е прочитана 317 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.