АТЛЕТИКА

КИРУИ ПРЕТПЛАТЕН ЗА ПОБЕДА НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

7 May, 2017 - 19:38

Атлетичарите од Кенија доминираа и на 13 издание од Скопскиот маратон.Ланскиот победник Кипротич Кируи ја потврди супериорноста и оваа година со триумф пред сонародниците Едвин Кирва и Самуел  Киптум.

 

Кируи  ја мина трасата од 42 километри 195 метри за два часа 12 минути и 59 секунди, 23 секунди послабо од рекорд што е во негога сопственост. И во женска  конкуренција   целосна доманиција на кенијките кои ги освоија првите три места.Победи Стела Барсосио со резултат од  2 часа 33 минути 42  секунди, на второ место се пласираше  Салина Џебет, додека трета беше  ланската победничка Гледис Бивот.Од македонските прествници на главната трка,Александар Кираџиев победникот на домашната серија во маратон беше  очекувано најдобар  со пласма на 6.место во генералата.Кај дамите најдобра маратонка Весна Кираџиева која заврши на 5.место. На машкиот полумаратон победи Дарио Ивановски со време 1.11.27  кој пред неколку недели го освои и Белградскиот полумаратон Во женска конкуренција на полумаратонот победнички се трите сестри од Естонија, Лејла, Лина и Лили Луик.Богдан Цветановски и Марго Бојаџиева  беа најбрзи  на трката од 5 километри.13 Скопски  маратон беше и најмасовен   со  учество на преку  8500 атлетичари од 51 земја.

Веста е прочитана 745 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.