АТЛЕТИКА

КАРТЕР БИЛ ДОПИНГУВАН, БОЛТ ОСТАНА БЕЗ ЕДНО ЗЛАТО ОД ПЕКИНГ

25 January, 2017 - 20:16

Интернационалниот Олимписки комитет го одзема златниот медал на штафетата на Јамајка во трката на 4 х 100 метри на Олимписките игри во Пекинг. Причината за оваа одлука е позитивниот допинг тест на Неста Картер. Со тоа и најдобриот атлетичар на светот Усеин Болт остана без златниот медал.

Картер беше позитивен на метилхексанамин. Покрај Картер без медал останаа и другите тројца од штафетата, Мајкл Фрејтер, Јохан Блејк и Усеин Болт.

По одземањето на златото од штафетата на Јамајка, Болт сега има осум златни олимписки медали.

Златото од Игрите од Пекинг сега е за штафетата на Тринидад и Тобаго, среброто е за Јапонија, а бронзата за Бразил. 

Веста е прочитана 398 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.