ФУДБАЛ

ЈАНЕВСКИ ПРОМОВИРАН ВО НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ВАРДАР

16 August, 2017 - 22:12

Чедомир Јаневски вечерва и официјално беше претставен за нов шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Вардар, кој експресно регаираше по оставката на Гоце Седлоски и набрзина во неполни два дена се договори со поранешниот играч на соработка во наредните две години.

„Сакам да се заблагодарам на управата на ФК Вардар што мене ми ја додели улогата да се вратам во клубот што ја направив најголемата афирмација. Ќе продолжиме таму каде што клубот застана и ќе се обидеме да придонесеме за македонскиот фудбал. Гледав неколку натпревари, нема многу промени во играчиот кадар. Единствено моите замисли како треба да играме ќе треба да ги вметнам. Фенербахче добро го познаваме, го скаутиравме, ова е голема шанса за оваа генерација да постигне успех“, истакна Јаневски.

Јаневски го превзеде македонскиот првак во незгоден момент на еден ден пред првиот меч од плеј офот во Лигата на Европа. Стручниот штаб веќе ги направил потребните анализи и без големи промени во составот ќе излезат на мегдан со турскиот претставник во првите 90 минути.

Натпреварот Вардар - Фенербахче се игра утре на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот. 

Веста е прочитана 730 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.