ЈАНЕСКИ ГО ОСВОИ ЗЛАТНИОТ ГОНГ

12 November, 2016 - 18:12

Гоце Јанески е освојувач на Златниот гонг 2016 година, 46 издание од традиционалната боксерска ревија што изминативе два дена се одржуваше во малата сала од СЦ „Борис Трајковски“.

По пауза од три години македонски боксер го освои ова признание откако во финалето Јанески го совлада Арменд Незирај од Косово со максимални 3:0 во категоријата до 75 килограми.

Љуљзим Исмаили ја доби наградата најдобар македонски боксер, за најдобар техничар е прогласен Хрватот Жељко Марко, најборбен беше Србинот Петар Стошиќ, додека на Англичанецот Далтон Смит му припадна признанието најдобар странски боксер.

Пол Розендал беше прогласен за најдобар судија на меѓународна боксерска манифестација по повод 13 ноември денот на ослободувањето на градот Скопје на која учествуваа 50 натпреварувачи од 12 земји.

Златен гонг 2016 – финале:

– 52 кг Сулејман Исак (МКД)- Мурја Ардит (АЛБ) 0-3

– 56 кг Нуришов Алмир (МКД)- Бурк Крис (АНГ) 0-3

- 60 кг Вода Стефан (БЕЛ) – Мек Кормак Лус (АНГ) 0-3 б.б.

– 64 кг Сучиу Василе (РОМ) – Смит Далтон (АНГ) 0-3

– 64 кг Сјелмани Виолант (КОС) – Стошиќ Петар (СРБ) 0-3

– 69 кг Желјко Марко (ХРВ) – Лофтус Конор (АНГ) 3-0

– 69 кг Мессауди Анас (БЕЛ) – Ботусан Адриан (РОМ) 3-0

– 75кг Незирај Арменд (КОС) – Јанески Гоце (МКД) 0-3

– 91 кг Џедику Емилјано (АЛБ) – Џоџај Арменд (КОС) 0-3 б.б.

 +91кг Богдановиќ Марко (ХРВ) – Бабиќ Владо (СРБ) 0-3

– 81 кг Витакер -Харт Том (АНГ) – Меметовиќ Денис (СРБ) 1-2

-69 кг Исмаили Љуљзим (МКД) – Курхаску Бесарт (КОС) 1-2

– 75 кг Витакер Беџамин (АНГ) – Костиќ Александар (СРБ) 3-0

– 75 кг Канца Самуел (РОМ) – Бекири Албан (АЛБ) 0-3 (ТКО, Р-1)

Веста е прочитана 337 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.