СКИЈАЊЕ

ХОЛДЕНЕР ГО ОСВОИ МАЛИОТ КРИСТАЛЕН ГЛОБУС ВО КОМБИНАЦИЈА,ЈАНСРУД НАЈБРЗ ВО КВИТФЈЕЛ

13 March, 2016 - 15:06

 

Венди Холденер од Швајцарија е победничка на третата  алпска комбинација од Светскиот Куп,триумф што и го донесе малиот кристален глобус.На домашен терен во Ленцерхајде,Холденер победи пред австријката Михаела Киргасер и сонародничката Лара Гут.Во генералниот пласман Лар Гут се издвои на 127 бодови пред повредената Линдзи Вон и на 355  пред Викторија Ребензбург со што скијачкта од Швајцарија  е на дофат од насловот на четири трки до крајот од сезоната.

 

Норвежанецот Кјетил Јансруд извојува  победа пред домашните навивачи во Квитфјел на седмиот супервелеслалом од сезоната на Светскиот куп во алпско скијање.Второпласираниот Винсент Крихмајер од Австрија заостана  17 стотинки,а за 32 стоти делови од секундата, побавно возење од победникот имаше италијанецот Доминик Парис кој вчера триумфираше во спуст на истата патека.Причина за задоволство има и четвртопласираниот Александер Омот Килде.Младиот норвежанец со новите 50 бодови се проби на 1.место во поредокот за суперџи на сметка на повредениот Свиндал.Покрај  Килде шасна за освојување на малиот кристален глобус во  дисциплината има и Крихмајер кој заостнува 37 бодови како и Јансруд кој во пресрет на завршната трка од сезоната во Сент Мориц е во  минус од 40 бодови.

Веста е прочитана 121 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.