„ХЕТ ТРИК“ НА ШИФРИН ВО СЛАЛОМ, ЗА ЗЛАТО БЕШЕ НАЈБРЗА И ВО СЕНТ МОРИЦ

18 February, 2017 - 16:19

Микаела Шифрин ја одбрани титулата во слалом и третпат по ред во кариерата славеше во последната дисциплина на Светското првенство што се одржува во швајцарскиот скијачки ценнтар Сент Мориц.

По Шладминг и Бивер Крик, Американката го продолжи низот со трет златен медал откако за првото место беше убедлива на крајот, победувајќи ја домашната скијачка Венди Холденер, која за среброто имаше послаб резултат за една секунда и 64 стотинки. За третото место и бронзениот медал се избори Швеѓанката Фрида Хансдотер со заостанување од една секунда и 75 стотинки зад Шифрин.

На стартот се појавија 92 скијачки од 52 земји меѓу кои и нашата натпреварувачка Лидија Симјановска, која не ја заврши првата трка.

Утре ќе се вози машкиот слалом последната дисциплина со која ќе биде затворено Светското првенство во Сент Мориц. Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Дардан Дехари и Воислав Синадиновски се појавија во денешните квалификации. Во групата од 49 скијачи на крајот останаа без пласман откако не ја завршија првата трка. 

Веста е прочитана 350 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.