ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НАЈБРЗ ВО КИНА

9 April, 2017 - 18:32

Британецот Луис Хамилтон е победник на втората трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот возена во Кина.Пилотот  на Мерцедес на најдобар начин го искористи стартот од пол позиција и за 54-тиот  Ф1 триумф во кариерата доминираше на патеката во Шангај.Победникот од Австралија,Себастијан  Фетел на Ферери заврши на 2.место,откако  имаше проблеми  после  летечниот рестарт во седмиот круг што го оддалечи од борбата за победа.Подиумот го комплетираше холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул кој имаше извонреден прв круг после старт од 16 позиција.Во пласман за бодови влегоа уште Рикардо,Раиконен,Ботас,Сајнц,Магнусен Перез и Окон.Во поредокот за возачи,Хамилтон и Фетел имаа по 43 бодови.Следната трета трка ќе се вози на 16 април во Бахреин.

Веста е прочитана 921 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.