ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НАЈБРЗ НА СПА

27 August, 2017 - 18:48

Британецот Луис Хамилтон победи на Формула 1 трката во Белгија.По стартот од пол позиција,пилот на Мерцедес  доминираше  низ  44 кругови на патека Спа откако се одбрани од нападатите на Себастијан Фетел во болидот на Ферари,во првиот круг и после летечкиот рестарт   во последната третатина од  трката што го предизвика колизијата помеѓу  пилотите на Форс Индија.Третото  место на подиумот зад Хамилтон и Фетел го освои австралиецот  Даниел Рикардо од тимот на   Ред Бул.Во пласман за бодови влегоа и Раиконен,Ботас,Хулкенберг,Грожан,Маса, Окон и Сајнц Јуниор.После петтиот  триумф сезонава ,58-ми во кариерата , Хамилтон се доближи на 7 бодови до лидерот Фетел.Следната 13 трка ќе се вози на 3 септември во Монца.

Веста е прочитана 1550 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.