ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НАЈБРЗ НА „КАТАЛУЊА“, ПОБЕДИ ТИМСКАТА ТАКТИКА НА „МЕРЦЕДЕС“

14 May, 2017 - 19:21

Британецот Луис Хамилтон триумфираше вторпат сезонава откако беше најбрз на петата трката во формула 1 шампионатот што се возеше за Големата награда на Шпанија. Возачот на „Мерцедес“ со подобра тимска тактика успеа да стигне до 55 победа во карирата откако во 44 круг го мина Себастијан Фетел на „Ферари“. Инаку, Германецот го имаше лидерско место кога во првиот круг успеа да го мине Хамилтон.

Другите два болида на „Мерцедес“ и на “Ферари“ не ја завршија трката. Раиконен (Ферари) во првиот круг имаше судар со Макс Ферстапен, а Валтери Ботас (Мерцедес) се откажа во 38. круг поради проблем со моторот.

Даниел Рикардо на „Ред Бул“ го освои третото место.

Во генералниот пласман во водство е Фетел со 104 бодови, пред Хамилтон со 98 бодови. На третата позиција е Ботас со 63, а на четвртото место е Раиконен со 49.

Следната трка ќе се вози на 28 мај низ улиците на Монте Карло за Големата награда на Монако.   

Веста е прочитана 406 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.