ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НА ПОЛ ЗА РЕШАВАЧКАТА ТРКА НА ПАТЕКАТА „ЈАЗ МАРИНА“

26 November, 2016 - 17:12

Британецот Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата четвртти пат по ред овојпат на неделната последна 21 трка сезонава во Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби.

Возачот на „Мерцедес“ имаше најдобро време на денешните квалификации што се возеа на патеката „Јас Марина“. Веднаш до него ќе биде неговиот тимски колега, Германецот Нико Розберг, кој е лидер во генералниот пласман со 12 бодови предност во однос на актуелниот првак. 

Трето време во квалификациите постигна Даниел Рикиардо од „Ред Бул“, а потоа следуваат двата болида на „Ферари“ со Кими Раиконен и Себастијан Фетел. Макс Верстапен од „Ред Бул“ ќе го комплетира третиот ред.

Битката за шампионската титула во Формула 1 ќе ја решат двајцата возачи на „Мерцедес“. Розберг за да го сочува првото место потребно е трката да ја заврши на победничкиот подиум во случај Хамилтон да биде прв.

 

Веста е прочитана 79 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.