СКИЈАЊЕ

ГУТ И КИЛДЕ ПОБЕДНИЦИ ВО СУПЕРВЕЛЕСЛАЛОМ

17 March, 2016 - 16:42

Александер Омот Кидле  го освои малиот кристел глобус во супер велеслалом.23 годишниот норвежанец финишираше на   второто место на последната суперџи  трка од сезоната на Светскиот куп  возена  во Сент Мориц, со што  ја одбрани  предноста пред конкурентите во дисцилината.Победи домашниот скијач Бет Фојц со подобар финиш од  една дестинка пред Килде и Јансурд кои го поделија второто место на пиедесталот.Покрај Јансруд,  во игра за трофејот беа и Крихмајер,Јанка како и Вајбрехт, а до повредата на спустот во Кицбил, водечки во дисциплината беше  трикратниот првак  Аксел Лунд Свиндал.

Кај скијачките титулата во супервелеслалом ја понесе Лара Гут.Пред домашните навивачи во Сент Мориц,швајцарката ја заврши денешната трка на 2.место со заостанување од 41 стотинка зад победничката Тина Вајрајтер од Лихтенштајн.На  третата позиција финишираше австријката Корнелија Хутер.

До крајот на сезоната во остануваат уште две трки,во велеслалом и слалом во швајцарскиот монденски зимски центар.Титулите во генералниот поредок веќе ги обезбедија Марсел Хиршер и Лара Гут.

Веста е прочитана 25 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.