ЃОРЧЕСКА СО НАЈДОБАР РАНКИНГ ВО КАРИЕРАТА, ВЛЕЗЕ ВО НАЈДОБРИТЕ 200 НА ВТА

30 January, 2017 - 18:32

По настапот во квалификациите на Австралија Опен, Лина Ѓорческа се најде во најдобрите 200 тенисерки во светот.

Со освоените 30 бодови направи скок од 12 места и сега е 192 со 284 бодови што е нејзин најдобар ранкинг во кариерата во сингл.

Во конкуренција на двојки најдобарата македонска тенисерка има пад за шест места и сега 135 та со 539 бодови.

Ѓорческа неделава ќе настапува на фјучерс турнир во Гренобл.

Веста е прочитана 1386 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.