ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА ЈА ОСВОИ ПРВАТА ТИТУЛА СЕЗОНАВА

1 April, 2017 - 18:56

Лина Ѓорческа ја освои првата турнирска победа сезонава откако на фјучерсот во Санта Маргарита Ди Пула вреден 25 илјади долари заедно со својата партнерка, Американката Бернарда Пера славеа во игра на двојки.

Во финалето беа подобри од третите носителки, Индијката Прартана Томбаре и Холанѓанката Ева Вакано со максимални 2:0, препуштајќи им два гејма во првиот и три во вториот сет за 70 минути игра.

За најдобрата македонска тенисерка ова беше 35 ИТФ титула во кариерата во дубл од 53 финалиња.

Веста е прочитана 1404 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.