ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА ГО БЕЛЕЖИ НАЈДОБРИОТ ПЛАСМАН, СТАНА 200 ТЕНИСЕРКА ВО СВЕТОТ

24 October, 2016 - 16:15

Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис. На најновата ВТА ранг-листа е 200 што е најзин најдобар пласман во кариерата откако се искачо за шест позиции.

Најдобрата македонската тенисерка во однос на последното рангирање освои нови 34 поени со пласманот во четвртфиналето на фјучрс турнирите во Египет (24 поени) и во Италија (9), па сега со вкупно 274 поени е рангирана на 200 место на ранг-листата.

Ѓорческа бележи и напредок од девет места на листата во двојки каде со 504 поени сега се проби на 139-тата позиција. Во двојки освои 43 поени (25 - Египет (четвртфинале) и 18 - Италија (полуфинале). 

Веста е прочитана 203 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.