ФРАНЦИЈА ОБЕЗБЕДИ ЗЛАТО ВО ТИМСКИОТ ПАРАЛЕЛЕН СЛАЛОМ ЗА ПРВ МЕДАЛ НА СП

14 February, 2017 - 19:04

Франција во состав, Теса Ворли, Алексис Пинтурол, Аделнин Муњие и Матју Фавр го освои златниот медал во тимскиот парален слалом на Светското првенство што се одржува во швајцарскиот зимски центар Сент Мориц. Иако во четирите дуели против селекцијата на Словачка двата тима имаа по две победи, сепак, на крајот пресуди севкупното постигнато време во кое „триколорите“ за осум стотинки имаа подобар резултат. Во малото финале, односно дуелот за третото место шведските скијачи извојуваа три победи против Швајцарците, и на крајот го освоија бронзениот медал.

За сите три репрезентации кои се искачија на подиумот ова беше прво одличје во Сент Мориц.

Утре е слободен ден на Шампионатот, а в четврток во велеслаломските квалификации ќе настапат шестмината македонски претставници Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Дардан Дехари, Воислав Синадиновски, Марјан Нашоку и Виктор Петров.

Тоа ќе биде увертира во главната женска трка во истата дисциплина во која свој настап ќе има единствената дама од Македонија, 16-годишната Лидија Симјановска.

Веста е прочитана 551 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.