ФОРМУЛА 1

ФЕТЕЛ И ФЕРАРИ НАЈБРЗИ ВО МЕЛБУРН

26 March, 2017 - 15:50

Ферари најави кам бек на победничките патеки ,откако Себастијан Фетел мина прв низ целта на патеката Алберт Парк во Мелбурн каде денеска почна  68 шампионот во Формула 1.

 

Германскиот пилот кој стартуваше од 2.место зад Луис Хамилтон ја искористи погрешната проценка  кај Мерцедес во решавачкиот пит стоп по кој британецот се врати на патека со загубена прва позиција што се покажа и како пресуден момент на трката.Зад Фетел  кој ја запиша 43 Гран при победа и прва после 2015 година,финишираше вицепрвакот Луис  Хамилтон.Трет заврши Валтери Ботас,финецот кој дебитираше  за Мерцедес како замена за пензионираниот шампион Нико Розберг.Во пласман за бодови влегоа уште Раиконен со Ферари,Ферстапен на Ред Бул,Маса со болидот на Вилијамс,Перез од екипата на Форс Индија,возачите на Торо Росо, Сајнц Јуниор и Квјат како и Окон,другиот пилот на Форс Индија.Втората трка од сезоната ќе се вози на 9 април во Шангај.

Веста е прочитана 1354 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.