КОШАРКА

ЕВРОКУП:ПОРАЗ НА МЗТ ОД НИЖНИ

7 December, 2016 - 20:45

МЗТ Скопје не ја искористи последната шанса за победа  на домашен терен во сезоната од  Еврокупот.Во рамки на 9.коло од А групата,македонскиот шампион  претрпе пораз од Нижни Новгород со  82-97 .

 

Гостите од Русија имаа одличен почеток.Нижни  со 26-12 ја доби првата четвртина.И вториот  период од 10.минути пред полувремето му припадна на гостинскиот состав кој имаше  добар процент реализација на удари за три поени .МЗТ замина на пауза со негатива од 34-52.Во продолжението,Металците немаа  сили за преврт..Лалиќ со  23  поени вечерва беше прв стрелец во СЦ Јане Сандански за домашниот тим. Пласман во следната фаза од А групата изборија Гран Канарија,Цедевита,Нижни и Лиеткабелис Во последното 10.коло, МЗТ на 14 декември  гостува кај Гран Канарија. 

Веста е прочитана 231 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.