МОТОЦИКЛИЗАМ

ДОВИЦИОЗО СЛАВЕШЕ ВО „КРАЛСКАТА КЛАСА“ ПО ПАУЗА ОД СЕДУМ ГОДИНИ

30 October, 2016 - 18:43

Италијанецот Андреа Довициозо ја оствари првата победа по пауза од седум години и стана деветти возач сезонава што успеал да слави во најсилната Мото ГП класа откако беше најбрз на претпоследната 17 трка од Светскиот шампионатот во мотоциклизам што се возеше за Големата награда на Малезија.

По тешките услови и дождот кој правеше проблеми на патеката Сепанг, возачот на Дукати го одбележа викендот во Малезија бидејќи стартуваше и од пол-позицијата. Тргна лошо но се поправи во неизвесната завршница кога за триумфот ја искористи грешката на сонародникот Валентино Роси на Јамаха, кој заврши на втората позиција.

По двајцата Италијани на третото место на победничкиот подиум им се приклучи Шпанецот Хорхе Лоренцо на Јамаха. Новиот шампион Шпанецот Марк Маркез на Хонда остана без бодови откако излета од патеката.

Малезија беше претпоследната станица од годинашниов шампионат а точка на сезоната ќе биде ставена во Валенсија на 13 ноември.

Веста е прочитана 77 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.