ТЕНИС

ДЕЈВИС КУП:МАКЕДОНИЈА ПОДОБРА ОД МАЛТА И ИСЛАНД

7 April, 2017 - 15:03

Македонската тениска селекција се доближи до полуфиналето од турнирот на Третата Евро-африканска зона на Дејвис купот.Нашите тенисери денеска  успешно го затворија мечот од првото коло на турнирот во Созопол со Малта и потоа експресно  запишаа  триумф и над Исланд откако беше продолжен настапот и во 2 круг на групата Б.

 

Најнапред во решавачкиот дуел со Малта кој утрово имаше продолжение откако вчера  беше прекинатиот поради дожд при 4-4,Димитар Грабул и Шендрит Деари славеа со  2-0 по сетови 7-5,7-5  над Асиак и  Судзука  со што Македонија стигна до победа од 2-1.Веднаш стартуваа и сингл мечевите од 2.коло против Исланд.Димитар Грабул се погрижи за водтство  од 1-0 откако со 6-4 и 6-2 го совлада Рафн Кумар Бонифациус.Уште поубедлив  беше Томислав Јотовски кој му препушти на Биркир Гунарсон само еден гејм и тоа во вториот  сет за 6-0 и 6-1 и обезбеден втор триумф на турнирот во Бугарија,независно исходот од мечот во дубл каде ќе настапат Србљак и Деари.Во третото коло,Македонија ќе игра со Молдавија за потврда на 1.позиција во групата  а со тоа и на полуфиналниот пласман  во Созопол.

Веста е прочитана 627 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.