ТЕНИС

ДЕЈВИС КУП: МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ ВО 3.ЕВРО-АФРИКАНСКА ЗОНА

8 April, 2017 - 18:42

Македонските тенисери претрпа пораз во  решавачкиот меч против Луксембург  за пласман во повисок ранг на Дејвис купот.

 

На турнирот во  Созопол-Бугарија што е дел од Третата Евро-африканска зона нашата селекција  загуби со 2-1 во полуфиналето,по поразот во   дубл .Грабул и Јотовски  одиграа меч во три сета против Кнаф и Настаси.Со 7-5 противникот го доби првиот сет.Нашиот тандем изедначи со 6-4 во вториот,но после 1 ч.50 мин.  игра, пресуди заморот од збиената програма,  со негативата од 2-6 во завршниот, трет сет . Претходно,  двете страни освоија по еден меч во сингл.Димитар Грабул загуби во два сета со 4-6 и 3-6 од Уго  Настаси.Томислав Јотовски ја врати Македонија во игра,откако  го совлада Кристоф Тол со идентични 6-2 во двата сета.Луксембург  ќе се пресели во повисок ранг на Дејвис купот, Втората Евро-африканска  зона.Во разигрувањето на Б групата,Македонија го освои 1.место  за пласман во полуфиналето  откако забележa  победи во сите три кола,против Малта ,Исланд и Молдавија.

Веста е прочитана 840 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.